Утрински Весник
Македонија

Престануваат да течат роковите во судските постапки до завршувањето на вонредната состојба

Три години затвор за обвинетата за сообраќајката во која загина 13-годишен велосипедист

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Законски роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на судовите и Јавните обвинителства, според која законските и преклузивните рокови за поднесување на тужба во парнична постапка, приватна тужба во кривична постапка, предлог за кривично гонење, предлог за поведување на вонпарнична постапка, поднесување на барање за присилно извршување, постапка за обезбедување на побарувањата, тужба за поведување управен спор, иницирање на постапка пред Уставен суд или иницирање и поведување на друга судска постапка, престануваат да течат се до престанување на вонредната состојба.

Оваа Уредба со законска сила вечерва ја усвои Владата на 31 седница и важи од нејзиното објавување во Службен весник. Како што соопшти владината прес-служба, законските и преклузивните рокови за изјавување на правни лекови, правни средства или за преземање процесни дејствија во постапките престануваат да течат за време на вонредната состојба.

Со оваа Уредбата престануваат да течат и роковите за застарување за кривично гонење, поведување и водење на прекршочна постапка.

Во кривичните и прекршичните постапки, роковите за изјавување на жалба или приговор на одлуките со кои постапката завршува како и изјавувањето на вонредни правни лекови, престануваат да течат од денот на стапувањето во сила на Уредбата па се до звршување на вонредната остојба.

Со оваа Уредба издавањето на упатните акти за изречена казна затвор до три години се одложува до 1 септември 2020 година, освен за предмети каде што постои опасност за застарување на извршување на казната.

На судиите-поротници на кои мандатот им истекува за време на траење на вонредната состојба,  мандатот им се продолжува се до завршување на постапката по судскиот предмет.

Судовите во Република Северна Македонија, се должни при постапувањето, закажувањето и одржувањето на расправите да се придржуваат на Одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19, од 17 март 2020 година.

Владат преку Уредбата ги  задолжи јавните обвинители извршувањето на функцијата на јавното обвинителство да ја организираат и извршуваат согласно Задолжителните упатства на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, донесени во врска со вирусот. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал