Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Пресврт на Барселона во режија на Депај – Валенсија падна на „Ноу Камп“

Пресврт на Барселона во режија на Депај – Валенсија падна на „Ноу Камп“
Img 7972

Барселона ја победи Валенсија со 3:1 во последниот натпревар од деветтото коло во Примера. Каталонците ја забележаа четвртата победа во сезоната и со 15 бодови стигнаа до седмото место на табелата. Валенсија која нема победа на последните пет натпревари остана на деветтото место место.

Барселона со пресврт успеа да ја совлада Валенсија. Гостите го отворија резултатот со голот на Хосе Гаја. Левиот бек од 25.метри упати неодбранлив удар кон Тер Штеген.

Предноста на Валенсија траеше само осум минути, кога израмни Ансу Фати. Во 41.минута асистентот за голот на Фати, Депај реализираше од белата точка.

Во второто полувреме, Валенсија не ги искористи своите шанси, во една ситуација стативата беше сојузник на Тер Штеген. Казаната гостите ги стигна во 85.минута кога Кутињо го постави конечниот резултат.



> Пресврт на Барселона во режија на Депај – Валенсија падна на „Ноу Камп“ <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН