Утрински Весник
Свет

Пресврт во Германија, на лицата над 65 години ќе им биде дозволено вакцинирање со „АстраЗенека“

Пресврт во Германија, на лицата над 65 години ќе им биде дозволено вакцинирање со „АстраЗенека“

Здравствени советници на германската влада сугерираат дека земјата наскоро може да им овозможи на лицата над 65 години да се вакцинираат со „АстраЗенека“. Ова е важен сигнал што доаѓа во време кога голем број земји од Европската унија имаат на располагање голем број дози од оваа вакцина.

Томас Мертенс, претседател на Германската комисија за вакцинација, изјави дека многу бргу ќе издаде изменета препорака.

Неговите коментари доаѓаат во време кога неискористените дози на вакцината „АстраЗенека“ се натрупуваат во магацините низ цела Европа, а сомнежите за ефикасноста на вакцината се шират во голем број европски земји, вклучувајќи ги Франција и Германија.

Од саботата, според последнитре информации на германските медиуми,Германија користела само 363.645 дози вакцина „АстраЗенека“, а во исто време тие имаат дури 1,45 милиони дози.

Регионалните здравствени власти предупредуваат дека илјадници Германци не дошле на договорениот датум за вакцинација кога дознале дека планираат да ги вакцинираат со „АстраЗенека“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење