Утрински Весник
Свет

„Прераното олеснување на мерките е рецепт за катастрофа“

СЗО: Се надеваме дека пандемијата ќе помине за две години

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејсус, предупреди дека рестриктивните мерки не треба да се ублажуваат прерано.

Тој посочи дека тоа е рецепт за катастрофа, пренесува „Тасс“.

Генералниот директор на СЗО на брифинг во Женева рече дека ако земјите се сериозни во однос на ублажувањето на мерките, тогаш тие исто така мора да бидат сериозни во борбата против ширењето на инфекцијата и спасувањето на животите на луѓето.

Тој посочи дека постигнувањето на ваков баланс може да изгледа невозможно, но не е така.

„Нешто такво веќе се случи и треба да се случи, но само доколку земјите воспостават контрола врз ширењето на инфекцијата“, забележа генералниот директор на СЗО.

Тој додаде дека колку повеќе државите имаат контрола над вирусот, толку повеќе можат да ги ублажат ограничувањата и предупреди дека олеснувањето на мерките без контрола врз инфекцијата е рецепт за катастрофа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија