Утрински Весник
Економија

Преработувачката индустрија со поповолни очекувања за нарачки и производство во наредните три месеци

Индустриското производство во јуни забележа пад, од почетокот на годината растот е 4,8 отсто

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Економската состојба во компаниите во преработувачката индустрија според раководителите во април годинава била понеповолна во однос на претходниот месец и во однос на април 2029 година.

Според објавените податоци состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2020, во однос на март 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на април 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2020 година изнесува 67.0 проценти од нормалното искористување, а најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производствотоимало недоволната странска побарувачка со 18,8 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 18,3 отсто, неизвесното економско опкружување со 15,9 отсто и недоволната домашна побарувачка со 12,9 отсто. скс/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот