Утрински Весник
Македонија

Препораки од народниот правобранител за остварување на правата на детето во услови на прогласена вонредна состојба во др

Дводневен состанок на мрежата на Националните превентивни механизми на ЈИЕ

Скопје, 24 април 2020

Народниот правобранител, со големо внимание ги следи мерките на Владата во врска со пандемијата на вирусот Ковид 19, и во таа насока остварувањето на правата на детето во услови на прогласена вонредна состојба во државата.

Следствено, поради зачестените јавувања и реакции на родители преку социјалните мрежи во врска со неможноста да остварат непречени лични односи и непосредни контакти со децата со кои не живеат, како и следејќи ја состојбата со остварувањето на правата на децата сместени во Јавни установи, Прифатни центри, деца во вонинституционалните форми на згрижување, децата со попреченост, деца лишени од слобода, како и други групи деца во ризик, како ранлива категорија, отвори предмет по сопствена иницијатива.

Притоа се стекна со сознание дека поради полицискиот час, односно ограниченото движење на граѓаните, вклучително и децата, оневозможено е остварувањето на правото на детето на непречени лични односи и контакти со родителот со кого не живее, а во одредени случаи пак, според родителите, средбите не се реализирани подолг временски период (со месеци), поради несоработка на родителот кај кого се доверени децата на чување, во кои случаи, моменталната состојба на прогласена пандемија се користи како причина за наводна заштита на детето, и недозволување на другиот родител да го види детето/цата и да остварува средби, однсосно, ограничување на контактите на детето со родителот со кого не живее.

Од друга страна, некои од родителите дури биле исклучени од секаква информација во врска со состојбата на децата, па биле приморани да добијат известувања од матичните лекари на децата, што е несомнено спротивно на најдобриот интерес на детето. Покрај наведеното, со цел спречување на ширењето на болеста (вирусот), во установите/вонинституционалните форми за згрижување забранети се посетите на децата, а образовниот процес се одвива он-лајн, преку интернет.

На Народниот правобранител му е познато дека Владата преку надлежното Министерство за труд и социјална политика апелираше до родителите во меѓусебна соработка да ги остваруваат определените лични контакти на детето со родителот со кого не живее, при што детето да не биде изложено на опасностите кои ги носи пандемијата, што е за поздравување.

Меѓутоа, имајќи ги предвид гореспоменатите сознанија како и досегашното искуство и констатациите на Народниот правобранител за повреда на правото на детето да расте со љубовта и грижата од двајцата родители, дури и кога истите не живеат заедно (поради развод на брак, прекинато заедничко живеење и сл.), се добива впечаток дека едниот родител ја злоупотребува настаната состојба, во насока на спречување на детето да остварува лични односи и контакти со другиот родител, со образложение дека се дејствува превентивно врз можните опасности за здравјето на детето, со што сериозно се повредуваат правата на детето, и се постапува спротивно на најдобриот интерес на детето.

Народниот правобранител, тргнувајќи од Конвенцијата за правата на детето потсетува дека државата има обврска да обезбеди посебна грижа за детето, особено во услови на вонредна состојба. Во тој контекст, ограничувањето на уживањето на одредени човекови права треба да биде сразмерно и да се сведе на минимум, при што треба да се обезбедат гаранции дека одговорите (мерките) на пандемијата, вклучително и ограничувањата и одлуките го отсликуваат принципот на најдобар интерес на детето.

Според член 9 од Конвенцијата за правата на детето, државата треба да обезбеди ниедно дете да не биде одвоено од своите родители против негова волја, освен кога надлежните органи, врз основа на судски увид, во согласност со соодветниот закон и процедури, одлучат тека таквото раздвојување е неопходно и е во најдобар интерес на детето.

Понатаму,државите членки го почитуваат правото на детето кое е одвоено од едниот или двајцата родители да одржува лични односи и непосредни контакти со двајцата родители врз постојана основа, освен ако е тоа во спротивност со најдобрите интереси на детето.

Во случај. кога раздвојувањето е последица на мерките што ги има преземено држава членка, како што се притворот, затворот, прогонството, депортацијата или смртта (вклучувајќи ја смртта која настапила од било која причина додека е на грижа од државата) на едниот или на двајцата родители или на детето, државата членка, на барање од родителите, на детето или ако е таков случајот, на друг член на семејството ќе му обезбеди основни информации за местото на престојот на отсутниот член – членови на семејството, ако давањето на такви информации не оди на штета на благосостојбата на детето. Државите членки натаму се грижат поднесувањето на таквото барање само по себе да не повлекува никакви штетни последици за заинтересираното лице – лица.

Имајќи ја во предвид настанатата ситуација во која мерките за ограничување на движењето сериозно влијаат на физичкото, емоционалното и психолошкото здравје на децата, а дополнително неможноста да остваруваат лични односи и контакти со родителот со кого не живеат, ги прави децата уште повеќе ранливи, Народниот правобранител, согласно член 32 од Законот за народниот правобранител, информирајќи ја Владата за добиените сознанија, а имајќи го притоа и Мислењето на Комитетот на ООН за правата на детото, во врска со падемијата од корона вирусот препорачува зголемена претпазливост и дополнителни мерки за заштита на правата и интересите на децата. Во тој контекст, Народниот правобанител препорачува:

– со особено внимание да се анализираат ефектите на мерките и да се разгледаат здравствените, социјални, образовни, економски и рекреативни влијанија на пандемијата врз правата на детето;

– да се обезбедат гаранции дека одговорите на пандемијата, вклучително и ограничувањата и одлуките за распределба на ресурсите, го отсликуваат принципот на најдобар интерес на детето;

– Министерството за труд и социјална политика преку надлежните органи, вклучително и Меѓуопштинските центри за социјална работа редовно и континуирано да го следи начинот и динамиката на остварување на правото на лични односи и контакти меѓу децата и родителот со кого не живеат, и следствено соодветно да реагираат, почитувајќи го принципот на најдобар интерес на детето;

– во случаи кога родителите се попречени (оневозможени) во остварувањето на правото на видување со детето со кого не живеат, поради ограниченото движење, да се преземат мерки и да им се овозможи да ги земат децата и да ги вратат повторно кај родителот со кого детето живее, согласно утврденото во решението за видување од надлежен орган и почитувајќи ги протоколите за обезбедување на хигиенски и други стандарди;

-Министерството за труд и социјална политкка, надлежните Меѓуопштински центри за социјална работа, инспекциските служби, во соработка со другите министерства да преземат мерки со цел превенирање, заштита и спречување на какво било насилство и злоупотреба на децата во семејството, установите/институциите и други форми на вонинституционално згрижување. Следствено, навремено и соодветно да интервенираат со цел заштита на децата од штетните последици по нивниот живот,здравје, опстанок и развој;

– Министерството за образование и наука, како и другите надлежни органи во сферата на воспитанието и образованието на децата, континуирано да го следат начинот на учење преку интернет, со цел да се обезбедат гаранции за интеракцијата меѓу учениците и наставникот/ите;

– да се преземат мерки за обезбедување на потребната поддршка за децата и семејствата кои имаат ограничена или пак, немаат пристап до технологија или интернет, или немаат соодветна родителска поддршка. Да се изнајдат достапни алтернативни решенија за да имаат корист од упатствата и поддршката што ја даваат наставниците, со што ќе се превенира состојба на нееднаквост меѓу децата;

– за децата кои потекнуваат од сиромашни семејства, децата кои живеат во субстандардни услови, децата без елементарни услови за живот, да им се овозможи остварување на основните услуги, вклучително здравствена заштита, пристап до чиста вода за пиење и санитарни јазли, со цел одржување на потребната хигиена, која меѓу другото е задолжителна во вакви услови.

– за децата чие што раѓање не е запишано во матичната книга на родените услугите за регистрација на раѓањето да не се прекинат, напротив постапувањето да се интензивира, со оглед дека истото е предуслов за остварување на гарантираните права;

– да се преземат мерки за почитување на правото на секое дете на недискриминација, како и мерки за заштита на децата чија ранливост дополнително е зголемена поради исклучителните околности предизивикани од вурусот (деца со попреченост, деца на улица, деца со проблеми во однесувањето сместени во вонинституционални форми на згрижување (мали групни домови, згрижувачки семејства), деца баратели на азил, непридружувани деца, бегалци, внатрешно раселени деца, како и оние лишени од слобода), кои може да се соочат со дополнителни тешкотии зад затворени врати. Во тој контекст да се зајкнат можностите и да бидат што повеќе достапни други начини на известување и пријавување на какви било повреди/злоупотреби/насилство и сл. до надлежните органи, кои пак, треба да интервенираат итно и неодложно.

– во институциите каде децата се лишени од слобода, и во кои се донесени мерки за ограничување на посети и можности за контакти поради вонредната состојба и спречување на ширењето на вирусот, поради продолжената вонредна состојба да се преиспитаат мерките што забрануваат посети или пак, да се обезбедат други начини (алтернативни) за одржување на редовен контакт на децата со нивните семејства и блиски роднини, секако почитувајќи ги притоа протоколите за хигиена и одржувањето на други стандарди, имајќи го предвид фактот дека овие контакти се еден од значајните фактори за ресоцијализација и промена на однесувањето кај децата во судир со законот, односно децата во ризик;

– за децата со попреченост, децата мигранти и оние со ограничен пристап до интернет да се обезбедат точни информации за вирусот, начините за заштита односно спречување на инфекцијата, на јазик и формати кои што се разбирливи и достапни.

Со оглед дека станува збор за деца, односно ранливи групи, имајќи ги предвид можните негативни влијанија на настанатите промени врз нивниот целокупен раст и развој, Народниот правобранител препорачува секогаш кога е можно да се слушне и земе предвид мислењето на децата, затоа што заедно, со најдобриот интерес на детето, правото на живот, опстанок и развој и правото на недискриминација се четирите основни принципи на Конвенцијата за правата на детето и во тесна врска со секое право на детето во овој документ.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Иџет Мемет

___________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер