Македонските фудбалски репрезентативци ќе добијат премија од 150.000 евра за победите над Германија и Лихтенштајн и тесниот пораз од Романија во квалификациите за Светското првенство, а покрај тоа ги очекува и убава сума за настапите на Европското првенство, одлучи Управниот одбор на ФФМ.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница оддржана во „Куќа на фудбалот“ ги донесе следните одлуки:
УО на ФФМ донесе одлука да исплати парична награда за македонската А-репрезентација во износ од 150.000 евра за мартовските натпревари (Романија, Лихтенштајн и Германија) од квалификациите за Светското првенство 2022 година;
УО на ФФМ донесе одлука со која секоја победа од групната фаза на Европското првенство ќе ја вреднува со 300.000 евра како парична награда за македонската А-репрезентација;
УО на ФФМ донесе одлука со која секој нерешен резултат на натпреварите од групната фаза на Европското првенство ќе го вреднува со 150.000 евра како парична награда за македонската А-репрезентација;
УО на ФФМ донесе одлука со која доколку македонската А-репрезентација ја помине групната фаза од Европското првенство, националниот А-тим ќе добие 30 проценти од износот што ќе се добие од паричната награда од УЕФА по покривањето на трошоците за учество на натпреварувањето;
УО на ФФМ донесе одлука повикот за фудбалери за претстојното Европско првенство да изнесува 1.500 евра, а дополнителни 1.500 евра ќе се исплатат на име повик доколку македонската А-репрезентација ја помине групната фаза од ЕП.
Фото: ФФМ
> Премија од 150.000 евра за победите над Германија и Лихтенштајн <