Утрински Весник
Спорт

Премиер лигата нема да ги казнува играчите за антирасистички гестови и пораки

Драстичен скок на расизмот во англискиот фудбал
Dik 300x250 mk

Лондон, 10 јуни 2020 (МИА) – Англиската Премиер лига дава поддршка на фудбалерите кои се приклучуваат на акцијата против расизмот.

Фудбалската асоцијација (ФА) изјави дека ќе биде „водена од здравиот разум“ во однос на какви било антирасистички и политички гестови.

Претходно, фудбалерите на Ливерпул и Челзи клекнаа, во чест на споменот за  афроамериканецот Џорџ Флојд кој го загуби животот при неговото приведување од полициски службеник во САД.

Во Германија, раководството на Бундеслигата исто така одлучи да не ги казнува играчите кои покажаа антирасистички пораки и повици за време на натпреварите. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс