Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Премиер лигата може да продолжи на 17 јуни

Лестер и Астон Вила ремизираа во првиот полуфинален натпревар од англискиот Лига куп
Img 7972

Лондон, 28 мај 2020 (МИА) – Англиските клубови во Премиер лигата се согласија да ја продолжат сезоната по средината на јуни. Во овој случај, првенството треба да заврши до 1 август.

Според „Телеграф“, продолжувањето на сезоната ќе се случи во среда на 17 јуни. Овој ден ќе има две презакажани средби – Астон Вила ќе биде домаќин на Шефилд јунајтед, а Манчестер сити ќе игра дома со Арсенал.

Распоредот беше објавен на состанокот на акционерите во лигата. Понатамошните натпревари ќе се одржат на 19 и 20 јуни.

Претходно, на клубовите во Премиер лигата им беше дозволено да спроведат тренинзи со контакти. Пред тоа, тие тренираа индивидуално или во мали групи.

Шампионатот на Англија беше суспендиран на 13 март поради пандемијата на коронавирус, преостанатите 92 натпревари беа одложени на неодредено време. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг