Утрински Весник
Спорт

Премиер лигата може да продолжи на 12 јуни

Премиер лигата може да продолжи на 12 јуни

Лондон, 11 мај 2020 (МИА) – Фудбалскиот шампионат во Англија прекинат во март поради пандемијата на коронавирус, може да продолжи на 12 јуни.

Британскиот премиер Борис Џонсон, денес во парламентот ќе презентира патоказ за излегување на земјата од карантин.

Се очекува да се донесе одлука за продолжување на спортот, вклучително и фудбалот, следниот месец, доколку дозволи епидемиолошката состојба, пренесува „телеграф“.

Рестартот на Премиер лигата е закажан за 12 јуни. Екипите ќе започнат со тренинзи од 18 мај. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство