Утрински Весник
Свет

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, поднесе оставка

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, поднесе оставка

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, поднесе оставка поради здравствени причини. Абе е премиер кој беше најдолго време на оваа функција во историјата на Јапонија.

„Не можам да бидам премиер ако не можам да носам најдобри одлуки за луѓето. Решив да дадам оставка од мојата позиција“, рече Абе (65) на прес-конференција.

Тој веќе две години се бори со улцерозен колитис, воспаление на дебелото црево, а неговите неодамнешни посети на болницата покренаа прашања во јавноста за тоа дали може да остане на чело на владејачката партија сè додека не му истече мандатот, во септември 2021 година.

Абе рече дека решил да се повлече за да избегне политички вакуум бидејќи земјата се бори со епидемијата на коронавирус.

„Се извинувам со сето срце дека, и покрај поддршката на јапонскиот народ, ја напуштам позицијата цела година пред истекот од мојот мандат и среде политички превирања и епидемијата на коронавирус“, рече Абе.

Тој поднесе оставка и во 2007 година, по едногодишниот мандат како премиер, наведувајќи ја како причина болеста со која се бори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме