Утрински Весник
Свет

Премиерот на Полска: Некои од членките на ЕУ бараат Украина да го положи оружјето!

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, изјави дека Русија не го искористила целиот свој потенцијал во специјалната операција во Украина и додава дека некои од земјите членки на Европската Унија не се против тоа украинските војници да го положат оружјето.

„Русија денес е `ранета мечка`. Некои многу рано проценија дека е победена во судирите во Украина. Тоа е моќна држава со голем потенцијал, а ангажиран е само еден негов дел“, рече Моравјецки на дипломатско советување во Варшава.

За ставот на некои од ЕУ-членките, Моравјецки вели:

„Постојат пукнатини во европската солидарност. Има земји што би ја поддржале Украина за да го положи оружјето наместо да се обидат да го зајакнат нејзиниот одбранбен потенцијал“.

Можете да прочитате

Турција ја зголемува минималната плата

Зеленски наскоро ќе се сретне со Трамп

Еруптираше вулканот Калауела – 24info.mk