Утрински Весник
Свет

Премиерот на Ирак информираше за апсењето на „бандата на смртта“ во Басра

Премиерот на Ирак информираше за апсењето на „бандата на смртта“ во Басра
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ирачкиот премиер и врховен командант на вооружените сили, Мустафа Ал-Кадими, вчера информираше за апсење на т.н. „банда на смртта“ за која се верува дека е одговорна за убиството на активисти и новинари во градот Басра за време на анти владините протести во 2019 година, пренесува „Мидл Ист монитор“.

„Смртоносната банда која го преплаши нашиот народ во Басра и посеа смрт по нејзините улици и уништи бројни животи, падна во рацете на хероите на нашите безбедносни сили во рамките на подготовките за фер и јавно судење“, напиша Ал-Кадими на Твитер , додавајќи дека сторителите кои извршиле убиства ќе бидат казнети и правдата ќе надвладее.

На крајот на минатиот месец, Ал-Кадими вети дека ќе ги казни сите оние кои биле вмешани во пролевање ирачка крв, вклучувајќи ги и оние кои учествувале во убиството на антивладините демонстранти во октомври 2019 година.

Според официјалните проценки, околу 565 Ирачани се убиени во текот на протестите, вклучувајќи и безбедносни службеници. Демонстрантите бараа подобрување на услугите, отворање работни места и ставање крај на политичката корупција.

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кинескиот министер за надворешни работи изјави дека Пекинг не може да прифати земји да дејствуваат како „светски судија“ во услови на апсењето на Мадуро

Идентификувани сите 40 жртви од пожарот во барот во Кран Монтана

Фредериксен: САД да не испраќаат закани кон своите историски сојузници за Гренланд