Утрински Весник
Македонија

Премиерот Заев ќе биде покровител на прославата по повод 80 години од антифашистичкото востание

Премиерот Заев ќе биде покровител на прославата по повод 80 години од антифашистичкото востание
Dik 300x250 mk

Премиерот Зоран Заев ja прифати поканата да биде покровител на прославата по повод 80 годишнината од антифашистичкото востание и народноослободителната војна кои започнаа на 11 октомври 1941 година.

Тој ова го соопшти на средбата со Никола Стојаноски, претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОВ и Борко Зафировски, потпретседател на Главниот одбор.

Како што информираат од кабинетот на премиерот, претставниците на Сојузот на борците на средбата ја потенцирале симболиката на јубилеите со кои оваа година се одбележуваат значајни настани од поновата историја, како што се 30 години независност, првата годишнина од членството во НАТО, како и 80 годишнината од антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

Заев истакнал дека поканата ја прифатил, пред се, во чест на борците од НОВ.

„Тие со својот самопрегор се вградија како државотворци во создавањето и впишувањето на македонската држава во мапата на народите на светот“, посочил премиерот.

Можете да прочитате

Филипче: Ја слушаме јавноста и ќе ги направиме неопходните кадровски промени во СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уште го игра бугарското сценарио

Судот одреди мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука