Утрински Весник
Спорт

Премиерлигашките фудбалери веќе не сакаат да клечат за расна правда

Премиерлигашките клубови сакаат да сопрат со клечењето пред секој меч оваа сезона откако капитените на 20-те клуба се согласиле дека гестот веќе не ја носи тежината како во минатото, јавуваат англиските медиуми. На состанокот на капитените минатиот четврток било согласено да се клечи само пред одредени мечеви оваа сезона, тврди „Дејли мејл“. Премиерлигата ќе се согласи со одлуката што ќе ја донесат капитените.

dobivaj vesti na viber

Гестот беше воведен за да се поддржи движењето Black Lives Matter и се обрне внимание на расизмот во фудбалот и е дел од програмата на Премиер лигата од јуни 2020. Минатото лето клубовите одлучија да продолжат со гестот во сезоната 2021/2022 како „симбол на единствено против сите форми на расизам“.

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал