Утрински Весник
Македонија

Преку јапонски грант, Инфективната клиника ќе добие машина за рециклирање медицински отпад

Во функција се тестовите за брза дијагностика на ковид-19 за родилки и пациенти пред интервенција

Во рамки на јапонската грант Програма за мали проекти за човековата безбедност (GGP) во Република Северна Македонија, Клиниката за инфективни болести ќе добие машина за рециклирање на медицински отпад, со што ќе се зголеми безбедноста на медицинскиот персонал и пациентите преку итно и безбедно отстранување на инфективниот и опасен отпад.

Договорот во висина од 65.801 евра, денеска го потпишаа министерот за здравство д-р Венко Филипче, н.е. амбасадорот Хиронори Савада и економската директорка на КИБФС Мирјана Печевска Поп-Илиев во амбасадата на Јапонија во Скопје.

Н.Е. амбасадорот Хиронори Савада истакна дека програмата за мали проекти GGP е показател за помош на вистински пријатели во неволја.

„Во рамки на програмата за мали проекти (GGP), ние исто така ќе потпишеме уште 5 проекти во февруари и, веројатно, уште неколку ќе бидат потпишани во март“ изјави Савада.

Благодарност до јапонскиот народ и амбасадата изразија и министерот Филипче и економската директорка на КИБФС, Печевска Поп-Илиев.

„Овој последен специфичен проект за кој сме денес тука е од особено големо значење, бидејќи Универзитетската Клиника за инфективни болести ги третира најголемиот број на пациенти со ковид 19 вирусот, како најстручни во делот на инфективната проблематика во земјава. Овој медицински апарат за нив е од голема важност, како за безбедност на пациентите, така и за медицинскиот персонал што работи таму“ истакна Филипче.

Додека пак, Печевска Поп-Илиев потенцираше дека секоја поддршка за Инфективната клиника е од огромно значење.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер