Утрински Весник
Македонија

Прекршочна пријава за кичевец, вербално се расправал со полицајци

Прекршочна пријава за кичевец, вербално се расправал со полицајци

Кичево, 23 јуни 2020 (МИА) – Поради постоење основи на сомнение за сторен прекршок според член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ОВР Кичево поднесе прекршочна пријава против Б.А.(30) од кичевското село Туин.

– Тој, на 18 јуни оваа година во 20.35 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, управувајќи патнички автомобил „Голф“ со кичевски регистарски ознаки, не го почитувал јасно упатениот светлосен сигнал на полицискиот службеник кој вршел контрола, да го запре возилото и избегал, информираа портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Димоски појасни дека по кратко време, полициската патрола која со службеното возило се упатила по него, го сопрела автомобилот, при што сега пријавениот почнал вербална расправија со полициските службеници, упатувајќи им навреди и закани. рз/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Цените повторно растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите

Владата со порака за Кочани: Ова е заедничка борба, ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами

Парламентарниот карван ја завршува обиколката низ општините во земјава