Утрински Весник
Македонија

Прекини на водоснабдување во Општина Гевгелија поради зафати на мрежата

Прекини на водоснабдување во Општина Гевгелија поради зафати на мрежата
Dik 300x250 mk

Гевгелија,13 април 2020(МИА) – Од утринските часови, денеска без водоснабдување останаа жителите на селото Мрзенци,бензинската пумпа „Шимов“ граничниот премин „Богородица“ и селата Стојаково и Селемли, соопштија од гевгелиското комунално претпријатие.

– Екипите се на терен и работат на поставување нов водоводен приклучок поради што без вода за пиење се жителите на Мрзенци и на отстранување на дефект на главниот доводен цевковод кај мотелот „Вардар“ поради што вода за пиење немаат бензинската пумпа „Шимов“ граничниот премин „Богородица“ и жителите на селата Стојаково и Селемли кои е наоѓаат на територија на Општина Богданци но со вода за пиење се снабдуваат преку регионалниот водовод во Гевгелија, информираат од комуналното претпријатие.

Оттаму поспчуваат дека водоснабдувањето се очекува да се нормализира во попладневните часови. им/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Велосипедистот кој беше усмртен денеска во Скопје е познат директор

Турција и Балканот: стабилност, а не закана