Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Прекинато тестирањето на австралиската вакцина, испитаниците биле лажно позитивни на ХИВ

Кинеската вакцина се покажа добра во првите две студии
Img 7972

Австралиските власти го отфрлија кандидатот за вакцина против коронавирус бидејќи учесниците биле лажно позитивни на ХИВ.

На вакцината, која не ја помина првата фаза од клиничките испитувања, работеа Универзитетот во Квинсленд и австралиската компанија за биотехнологија ЦСЛ. Австралија се надеваше дека оваа вакцина ќе биде достапна до средината на 2021 година.

Во изјавата на ЦСЛ се вели дека не се пријавени сериозни несакани ефекти кај 215 учесници во клиничкото испитување и докажано е дека вакцината има силен безбедносен профил. Сепак, за време на анализата на податоците, експертите откриле дека антителата генерирани од вакцината се мешаат во дијагнозата на ХИВ и довеле до лажни позитивни резултати на некои тестови за ХИВ.

Доколку вакцината се примени на национално ниво, пишува ЦСЛ, тоа може да доведе до бран лажно позитивни тестови на ХИВ во Австралија, пишува „Си-ен-ен“.

„Контролните тестови потврдија дека немало ХИВ вирус кај испитаниците. Не постои можност вакцината да ја предизвика оваа инфекција”, се додава во соопштението.

Иако Австралија превентивно нарача 51 милион дози вакцина од компанијата ЦСЛ во октомври, премиерот Скот Морисон пред новинарите изјави дека вакцината повеќе нема да биде дел од австралиската програма за вакцини против Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија