Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Прекината 135. седница, гласањето за законот за ЈО на продолжението кое дополнително ќе биде закажано

Прекината 135. седница, гласањето за законот за ЈО на продолжението кое дополнително ќе биде закажано
Img 7972

Скопје, 14 февраури 2020 (МИА) – Пред почетокот на 136. седница, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 135. седница, а продолжението, рече, дополнително ќе биде закажано.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски веднаш потоа побара Предлог-законот за ЈО да се стави на гласање за неговата партија, како што објасни, да не биде проблем во реформскиот пат на земјава. Мицевски посочи дека има доволен број пратеници во салата за да се гласа.

По барањето на Мицевски, Џафери уште еднаш повтори дека ја прекинува 135. седница и дека продолжението ќе биде дополнително закажано.

Собранието продолжи со 136. седница на која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа да се тргнат од дневен ред разрешувањето на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и предлог-измените на Законот за лични карти. Тие воедно се пожалија дека се силува Деловникот.

Покрај овие две точки, пред пратениците во рамки на 136. седница се и Предлог-законот за неевидентирани лица во Матичната книга на родени, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка. мч/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села