Утрински Весник
Спорт

Пред 28 години, Аиртон Сена го извозе „кругот на Боговите“

Пред 28 години, Аиртон Сена го извозе „кругот на Боговите“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На денешен ден во 1993 година, бразилската Ф1 легенда, Аиртон Сена ја декласираше својата конкуренција за победа на Европското ГП во Донингтон, трка која честопати се смета како најубавиот триумф на Бразилецот.

Од четвртото место на стартот, тогашниот возач на Мекларен на дожд се искачи на првото место по првиот круг, кој беше наречен „Круг на Боговите“ од Ф1 фановите.

Трката беше интересна игра на влегувања во бокс и менувања гуми поради променливата ситуација на патеката – Сена влезе пет пати во боксот, додека неговиот лут ривал Алан Прост со Вилијамс дури седум пати беше во боксот.

На трибините имаше нешто помалку од 30.000 фанови кои ја одгледаа оваа маестрална трка.

> Пред 28 години, Аиртон Сена го извозе „кругот на Боговите“ <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов