Утрински Весник
Свет

Пред укинувањето на мерките, расте бројот на новозаболените од коронавирус во Германија

Пред укинувањето на мерките, расте бројот на новозаболените од коронавирус  во Германија

Неколку дена пред планираната одлука за укинување на епидемиолошките мерки, во Германија втор ден по ред е поставен рекорд во однос на седумдневната инциденца на Ковид-19.

Таа бројка денеска достигна нова висока вредност од 1.607 лица на 100.000 жители, додека вчера инциденцата беше 1.585 лица.

Во последните 24 часа се регистрирани 262.593 новозаразени лица, што е за околу 50.000 повеќе од вчера.

Пријавени се 269 смртни случаи, заразени со коронавирусот.

Овие високи бројки се забележани неколку дена пред планираната одлука за укинување на речиси сите епидемиолошки мерки, со можност за воведување построг режим во таканаречените жаришта на коронавирусот.

Можете да прочитате

Шефот на турската дипломатија се залага за заедничка одбранбена платформа на земјите од Блискиот Исток

Најмалку 78 убиени во напад на дрон врз џамија во Судан

Британската МИ6 ќе ја користи темната мрежа за регрутирање агенти и пристап до тајни