Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пред три години инженер предупредил за големи структурни оштетувања на зградата во Мајами

Пред три години инженер предупредил за големи структурни оштетувања на зградата во Мајами
Img 7972

Градежниот експер, Френк Морабито, уште пред три години предупредил дека има докази за големи структурни оштетувања на бетонската плоча под базенот и пукнатини во подземната гаража на зградата во Сурсфајд, која се сруши пред два дена, објави денеска „Њујорк тајмс“.

12-катната зграда се сруши ненадејно рано утрото во четвртокот, а размерот на катастрофата сè уште не е познат. Досега е потврдена смртта на најмалку четири лица.

Според „Њујорк Тајмс“, консултантот Френк Морабито во 2018 година учествувал во изработката на планови за реконструкција, што требло да започне наскоро, пренесува „Ројтерс“.

Најголемиот дел од штетата најверојатно бил предизвикан од долгогодишната изложеност на корозивни ефекти од солениот воздух долж брегот на Јужна Флорида.

Консултантот во извештајот не навел дека зградата е изложена на ризик од уривање, но нагласил дека е потребна реконструкција со цел да се зачува структурниот интегритет на објектот.

Спасувачките екипи вчера цел ден трагаа по луѓе кои се водат како исчезнати по уривањето на станбена зграда, која спонтано се сруши рано утрото во четвртокот.

Оттогаш, тие не престанаа да бараат преживеани во урнатините, додека се појавуваат детали за луѓето кои се водат како исчезнати.

Преживеале 102 лица, од кои 35 биле спасени од остатоците од зградата, двајца од под урнатините. По најмалку 159 од нив сè уште се трага, иако тоа се податоци што се менуваат од час во час. За жал, за четворица со сигурност е потврдено дека се мртви, соопшти каналот Еј-би-си.

Можете да прочитате

ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп