Утрински Весник
Македонија

Предложени казни од по 500 евра за четири лица кои не го почитувале полицискиот час

Предложени казни од по 500 евра за четири лица кои не го почитувале полицискиот час

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози од по 500 евра против четири лица за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

-Обвинетите делото го сториле непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола за тоа, соопшти ЈОРМ.

Надлежен јавен обвинител за сите обвинети предложи парични казни од по 500 евра, односно 50 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра.​сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алиу: Злоупотребата со дополнителното работно време кај лекарите е административна, не клиничка

АВМУ: Со изведбата на песната „Албански територии (Trojet Shqiptare)“ се поттикнува и шири нетрпеливост врз основа на национална и етничка основа

Свечено отворен реконструираниот Дом на културата „11 Октомври” во Ченто