Утрински Весник
Македонија

Предложени казни од по 2 000 евра за 29 лица кои не го почитувале полицискиот час во Скопје

Предложени казни од по 2 000 евра за 29 лица кои не го почитувале полицискиот час во Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје до судот денеска достави предлози за издавање казни од по 2 000 евра против 29 лица кои го прекршиле полицискиот час.

– Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации, стои во соопштението од ОЈО.

Обвинителството за сите обвинети лица предложи парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Лицата се обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје