Утрински Весник
Спорт

Предлог сезоната во Италија да продолжи на 27 мај со куп-натпреварот Јувентус – Милан

Милан суспендиран од учество во евро-куповите за следната сезона

Рим, 16 април 2020 (МИА) – Советот на Серија А предложи да се продолжи прекинатата фудбалска сезона во Италија поради пандемија на коронавирус, на крајот на мај со реваншите од полуфиналето на националниот куп.

Челниците на клубовите ќе разговараат за оваа идеја во вторник.

Натпреварите од полуфиналето, Јувентус – Милан и Наполи – Интер се предложени да се одржат на 27 и 28 мај, а првенството да биде продолжено на 31. со цел да се заврши сезоната до 2 август. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство