Утрински Весник
Македонија

Предлог казни од по 2 000 евра против 12 лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Полицискиот час не го почитувале 204 лица, 180 се приведени во изминатото деноноќие
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје до судот поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2 000 евра против 12 лица за непочитување на полицискиот час.

– Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за веме на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, стои во соопштението од ОЈО.

Обвинителството му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Сите се обвинети за непостапување според здравствените прописи, кривично дело предвидено и казниво согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. аа/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче