Утрински Весник
Македонија

Предлог казни од по 2 000 евра за четири лица од Штип кои го нарушиле полицискиот час

Штипското ЈО бара казна од 5.000 евра за штипјанец кој не ја почитувал мерката задолжителна самоизолација

Штип, 10 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2 000 евра за четири лица кои го нарушиле полицискиот час.

– Сите обвинети во одделни кривично правни настани пеш се движеле низ градот иако во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Република Северна Македонија за да се сузбие ширењето на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, стои во соопштението од ОЈО.

Обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот на обвинетите да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност. ​​

Лицата се товарат дека сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор