Утрински Весник
Свет

Предизборната кампања на Трамп досега чинела милијарда долари

(Видео) Трамп изјави дека пандемијата на шпанскиoт грип од 1918 година ја запрела Втората светска војна
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп, Републиканската партија и два комитета поврзани со нив, во кампањата за реизбор на Трамп досега потрошиле милијарда долари. Рекордна сума за една претседателска трка, бидејќи во оваа етапа од трката ниту еден кандидат досега не потрошил толку, објавија Вашингтон пост.

Трамп почнал да собира пари за кампањата многу порано споредено со неговите претходници – средствата за неговата кампања почнале да се собираат уште во 2017 година. Како споредба, пишува Вашингтон пост, неколку месеци пред изборите во 2012 година штабот на Барака Обама потрошил околу 643 милиони долари.

Трамп во јули собрал донации во висина од 165 милиони долари, додека неговиот противник, кандидатот од Демократската партија, Џо Бајден, собрал 140 милиони долари. Во август, сумата на буџетот на штабот на актуелнит претседател пораснала до 300 милиони долари, уште 55,3 милиони собрал националниот комитет на Републиканската партија. Од друга страна, штабот на Бајден овој месец добил донации од 294 милиони долари и уше 16,3 милиони дал националниот комитет на Демократската партија.

Претседателските избори се закажани за 3 ноември.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп