Гостивар, 15 јуни 2020 (МИА) – Новиот локален пат што ги поврзува гостиварските села Симница и Церово денеска беше предаден во употреба. Па промоцијата со локалното население присуствуваа и функционери на политичката партија ДУИ кои ги нагласија нивните заложби за подобрување на условите за живот во гостиварскиот регион.
Новиот локален пат чија должина е речиси два километри ќе им овозможи на жителите на двете села полесно да стигнат до магистралата која од Гостивар води кон Кичево и Скопје. Инвестицијата е вредна 6,8 милиони денари обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Таму се водело сметка при распределбата на средствата и општините имале рамноправен третман.
– Во полошкиот регион, почнувајќи од Желино па до Врапчиште во тек се или завршени се дваесет проекти. Тие имаат вредност од 220 милиони денари и се водевме принципите на рамномерност и без селективност рече Абдулсељам Сељами заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).
За користење на средства од агенцијата за оваа година, гостиварската општина аплицирала само со еден проект, рече Сељами и напомена дека тој се однесува на реконструкција на објект кој се планира да биде дом за стари лица во селото Железна Река, потенцира Сељами.
На промоцијата на новоизградениот пат присуствуваа и државниот секретар на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство Нефрус Челику и заменик министерот за финансии Ширете Елези. Во нивните изјави тие ја потенцираа финансиска поддршка за реализација на капитални инвестиции за оваа година преку министерства и агенции други институции за општина Гостивар која надминува два милиони евра. Меѓу гостите беше и поранешниот градоначалник на општина Гостивар и потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта тој искажа задоволство од реализацијата на проектот бидејќи тој бил планиран уште кога раководел со општината. згм/ир