Утрински Весник
Свет

Преговорите помеѓу Москва и Киев се тешки, но двете страни сугерираат дека е постигнат напредок

Преговорите помеѓу Москва и Киев се тешки, но двете страни сугерираат дека е постигнат напредок

Украина објави дека водела „тешки“ преговори со Русија за прекин на огнот, итно повлекување на војниците и безбедносни гаранции, истиот ден кога едно лице загина, а 12 беа повредени во гранатирањето на станбена зграда во Киев.

Двете страни навестија дека некои резултати од разговорите се на повидок, по претходните рунди разговори кои првенствено се фокусираа на прекин на огнот и доставување помош до опколените градови и евакуација на цивили.

Украинскиот преговарач Михајло Подољак, кој рече дека разговорите биле „конструктивни“ во неделата, напиша на Твитер пред денешните разговори: „ Преговори. Четврта рунда за мир, прекин на огнот, итно повлекување на војниците и безбедносни гаранции“.

Тој подоцна рече дека разговорите биле тешки поради екстремно различните политички системи во Русија и Украина. Преговорите ќе продолжат во вторник, рече Подољак.

Според него, Русија се уште има илузија дека насилството врз Украина е добра стратегија. Русија, од друга страна, ја обвинува Украина дека користи цивили како жив штит.

Можете да прочитате

Градоначалникот на Нагасаки предупредува на нова нуклеарна војна

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа