Утрински Весник
Македонија

Прегазен пешак на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“

Прегазен пешак на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“

70 годишно лице се здобило со тешки телесни повреди кога во него удрило патничко моторно возило, информираат од министерството за внатрешни работи.

На 05.04.2021 во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиj Гологанов“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(48) од Скопје, удрило во пешакот С.Ф.(70) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на незгодата бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Денеска ново рочиште за случајот „Онкологија“

Луиџи Ди Мајо: Бујар Османи е доверлив човек и пријател на Европа

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ПРЕТСТОЈ НА ОТВОРЕНО: Доаѓа ново невреме во Македонија