Утрински Весник
Македонија

Прегазен пешак во Крива Паланка

Прегазен пешак во Крива Паланка

45-годишен пешак од Крива Паланка бил тешко повреден откако во него удрило патничко возило.

Вчера во 16.00 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Крива Паланка, патничко возило „фолксваген голф“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.С.(44) од Крива Паланка удрило во пешакот С.М.(45) од Крива Паланка.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.

Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните