Утрински Весник
Македонија

Прегазен пешак во Битола, со тешки повреди пренесен во болница

Прегазен пешак во Битола, со тешки повреди пренесен во болница

Седумдесет и осумгодишен битолчанец вчера бил прегазен од автомобил на крстосницата од улицата Добривое Радосављевиќ и Рузвелтова во Битола.

„Патничко возило „форд галакси“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(48) од Битола удрило во М.К.(78) од Битола“, информираа од МВР.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Можете да прочитате

Зимата нагло ни се враќа: На планините на Балканот и до еден метар снег

Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно

Почина Гоце Контевски, доајенот на македонското новинарство