Утрински Весник
Македонија

Прегазен велосипедист во струшко, загинал на лице место

Прегазен велосипедист во струшко, загинал на лице место

17 годишен велосипедист им подлегнал на повредите откако бил удрен од патничко моторно возило „Мерцедес“.

Според информации од МВР вчера во 11.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Охрид, помеѓу с.Подмоље и Авто камп, патничко моторно возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лицето К.Р.(21) од Струга удрило во 17 годишен велосипедист од с.Ливада, струшко.

Во незгодата, од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош.

Женското лице со иницијали К.Р. која управувала со патничкото возило била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде и биле констатирани телесни повреди.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Охрид, велат од МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка

Млад човек починал во стан во Скопје