Утрински Весник
Македонија

Превентивна дератизација на подрачјето на Општина Могила

Превентивна дератизација на подрачјето на Општина Могила
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Могила, 20 мај 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје-Битола почна превентивна систематска дератизација на подрачјето на Општина Могила. Акцијата се одвива согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општината како општа против епидемиска мерка.

Од Центарот за јавно здравје соопштуваат дека екипите ќе спроведуваат активности на терен, односно ќе поставуваат отровни мамци за уништување на глодари во канализационите шахти.

-Дератизацијата се врши на подземниот канализациски систем на Општина Могила каде има 90 шахти, и канализацискиот систем на објекти од посебен јавен интерес, односно воспитно-образовни институции, здравствени установи и други објекти на подрачјето на Општина Могила каде има 30 шахти, посочуваат од Центарот.

Екипите и активностите на теренот се обележани и заштитени со знаци за предупредување. мт/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ бара ЈО да отвори предмет за тендерот од 1,2 милиони евра во Пошта

За Нова година ќе имаме екстремно ниски температури

Хаос во Италија: Масовна пресметка меѓу Македонци и Албанци заврши со апсења