Утрински Весник
Македонија

Превентивна дезинфекција и генерално чистење во тетовските училишта

Превентивна дезинфекција и генерално чистење во тетовските училишта

Тетово, 29 февруари 2020 (МИА) – Интензивни активности и превентивни мерки се преземаат во тетовските училишта и градинки со цел да се намали ризикот од сезонскиот грип и новиот коронавирус, информираат од Секторот за јавни дејности. Се користат соодветни средства за дезинфекција на училишните објекти.

-За време не викендот вршиме генерално чистење и нивна дезинфекција. Освен овие мерки во соработка со здравстените организации во текот на работната недела започнавме и со соодветни предавања за учениците. Целта е да се информираат учениците како да се заштитат и да дејствуваат превентивно во насока на спречување на вирусните заболувања, а особено со коронавирусот, истакна Ахмед Ќазими, раководител на секторот.

Во рамки на општина Тетово функционираат шест средни и 12 основни училишта.ас/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата