Утрински Весник
Свет

Прв телефонски разговор меѓу Бајден и Ердоган

Прв телефонски разговор меѓу Бајден и Ердоган
Dik 300x250 mk

Претседателите на САД и Турција, Џо Бајден и Реџеп Таип Ердоган, во петокот, во нивниот прв телефонски разговор, договориле состанок на маргините на самитот на НАТО во јуни.

Ова е прва официјална комуникација меѓу двајцата лидери, три месеци по стапувањето на функција на новиот американски претседател.

Извор запознат со разговорот, за „Ројтерс“ изјавил оти Бајден му рекол на Ердоган дека има намера да го признае масакрот врз Ерменците во Отоманската империја во 1915 година како геноцид, што е одлука што може да ги влоши веќе затегнатите односи меѓу двете членки на НАТО.

Сепак, оваа информација не е спомената во соопштенијата на Белата куќа или од канцеларијата на турскиот претседател.

Белата куќа соопшти дека Бајден изразил интерес за конструктивни билатерални односи со проширени области на соработка и за ефикасно управување со несогласувањата.

Од Кабинетот на турскиот претседател соопштија дека двајцата лидери се согласиле за стратешката природа на билатералните односи и важноста на заедничката работа за градење на поголема соработка за прашањата од заеднички интерес.

 

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил