Утрински Весник
Македонија

Прв смртен случај од коронавирус во земјава

Филипче: И во ГОБ „8 Септември“ ќе се хоспитализираат пациенти со корона ако имаат потреба од други интервенции (ДПЛ)

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Педесет и седум годишна жена од Куманово е првата жртва од коронавирусот во земјава. Надлежните институции доцна синоќа посмртно дијагнотицирале дека жената била заболена од коронавирус.

-За жал, го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот кој посмртно во Куманово беше дијагностициран доцна синоќа. Се работи за жена која што имала 57 години. Во однос на приемот и третманот сакам да кажам дека колегите постапиле согласно протоколот за изолација, навремено се земени два теста и двата теста иницијални покажеле негативен резултат. Но, и покрај негативните резултати заради тоа што болеста била типично за коронавирусот таа била третирана во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во Општата болница во Куманово, а брис е повторно земен после констатација на смртта во текот на вчерашниот ден вчера и тој бил позитивен, рече министерот за здравство на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека брисот бил земен заради наглото влошување на состојбата, што, како што истакна, е нетипично за друга болест и тоа ги натерало лекарите да се посомневаат и да земат уште еден, трет брис.

-Заедно со неа е хоспитализиран и нејзиниот син, 2-3 дена после неа во текот на минатата недела. Тој имал 33 години, вчера настанало влошување на состојбата и бил прво префрлен во Одделот за изолација на Клиниката за пулмологија и после според протоколот е префрлен на Клиниката за инфективни болести каде што е сега сместен, хоспитализиран во стабилна здравствена состојба, истака министерот Филипче. сст/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДА МУ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ПОВИКОТ ЗА ОБЕДИНУВАЧКА ПЛАТФОРМА

Меџити се сретна со американскиот помошник секретар за енергетски ресурси, Џефри Рос Пајат

Филипче на промоција на новите електрични автобуси за градски превоз во Струмица