Утрински Весник
Свет

Прв смртен случај во Индија од омикрон – скоро 91.000 нови случаи за 24 часа

Прв смртен случај во Индија од омикрон – скоро 91.000 нови случаи за 24 часа

74-годишен маж кој почина во западната индиска држава Раџастан е првиот смртен случај во Индија предизвикан од омикрон сој на коронавирус, соопшти денеска индиското Министерство за здравство.

Официјалните лица рекоа дека мажот боледувал од дијабетес и други поврзани болести. Пациентот бил примен во болница во градот Удаипур во државата Раџастан на 15 декември, а починал 15 дена подоцна.

Лекарите констатирале дека мажот бил целосно вакциниран. Индија регистрирала 325 смртни случаи во последните 24 часа, но само еден е поврзан со сојот омикрон, соопштија официјални лица.

Во изминатите 24 часа во Индија се регистрирани 90.928 нови случаи на коронавирус, а најголем број заразени потекнуваат од најголемите градови во таа земја.

Можете да прочитате

Сијарто признава дека се слушал со Лавров за време на клучни состаноци на ЕУ – тоа е дел од дипломатијата

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран