Утрински Весник
Свет

Прв случај на омикрон во Малезија

Прв случај на омикрон во Малезија

Малезија го откри првиот случај на инфекција со омикрон кај странски студент, кој беше ставен во карантин по пристигнувањето од Јужна Африка пред две недели, изјави министерот за здравство Каири Џамалудин.

„ Студентка (19), која била асимптоматска и вакцинирана, била позитивна на Ковид-19. Таа дојде во Малезија од Јужна Африка преку Сингапур на 19 ноември и беше ставена во карантин десет дена пред да биде ослободена на 29 ноември“, рече Каири.

Пет други луѓе кои делеле возило со неа пред карантинот биле негативни.

Властите, сепак, побараа од студентката, како и од осум други блиски контакти, да подлежат на дополнително тестирање, откако беше потврдено дека нејзините претходни примероци од тестот се со новата варијанта на коронавирусот, додаде Каири.

Сè поголем број земји пријавуваат случаи на омикрон, за која Светската здравствена организација рече дека носи многу висок ризик од предизвикување инфекција.

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци