Утрински Весник
Спорт

Прв случај на КОВИД-19 во НФЛ

Прв случај на КОВИД-19 во НФЛ

Њу Орлеанс, 20 март 2020 (МИА) – Тренерот на Њу Орлеанс Сеинтс, Шон Пејтон излезе позитивен на тестот за КОВИД-19. Така, станува првиот докажан случај на заразен од коронавирус во НФЛ. 56-годишниот стручњак ја потврди дијагнозата на ЕСПН, откако ги добил резултатите во понеделникот.

Пејтон изјави дека не се чувствувал добро во неделата, иако немал треска или кашлица. Тој во моментов одмора дома и во карантин.

– Имав среќа да бидам еден од ретките што немаше сериозни несакани ефекти. Имам среќа. Младите чувствуваат дека можат да се справат со тоа, но тие можат да бидат преносител на вирусот за луѓе кои нема да можат да го сторат тоа. Затоа, сите треба да дадеме се од себе. Важно е за сите да ги следат упатствата. Не станува збор само за социјална дистанца. Ако луѓето ја разберат сложеноста на проблемот, можеме лесно да работиме заедно за да се справиме со проблемот, рече Пејтон.

Шон Пејтон ги предводи „светците“ 13 сезони и ги доведе до освојување на „Суперболот“ во 2009 година.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност