Утрински Весник
Спорт

Прв работен ден – дали Солскјер му дели лекција на Роналдо?

Прв работен ден – дали Солскјер му дели лекција на Роналдо?

Иако порано беа соиграчи, сега само еден е шеф! Ова треба да е заклучокот од интересните фотографии што ги објави Манчестер јунајтед по враќањето на Кристијано Роналдо на тренинзите и неговата средба со Оле Гунар Солскјер.

Иако беше блиску до трансфер во лутиот ривал Манчестер сити, 36-годишниот Роналдо се реши да се врати дома, на стадионот каде што почна неговата вистинска фудбалска приказна и веќе в сабота треба да дебитира против Њукасл јунајтед, во меч кој веќе е распродаден.

Фотографијата на која Солскјер со прст му објаснува нешто на Португалецот предизвика огромен број реакции на социјалните мрежи – од тоа дека ова бил моментот кога Кристијано сфатил дека напраивл фатална грешка до тоа дека Солскјер му објаснува оти освојувањето титули веќе не им е приоритет на „ѓаволите“.

„Што овој човек може да му каже на Роналдо“, беше еден од најинтересните коментари.

> Прв работен ден – дали Солскјер му дели лекција на Роналдо? <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина