Утрински Весник
Свет

Прв лет од Тел Авив до Абу Даби откако беше постигнат историски договор

Прв лет од Тел Авив до Абу Даби откако беше постигнат историски договор
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Првиот директен патнички лет се реализираше денеска од Тел Авив до Абу Даби откако двете земји постигнаа историски договор за воспоставување дипломатски врски, пренесува „Спутник“.

Авионот на „Ел Ал“ на летот 971, во кој се превезувале американска и израелска висока делегација, полета од меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ и ќе помине низ воздушниот простор на Саудиска Арабија за да стигне до главниот град на ОАЕ околу 15 часот.

Американската делегација ја предводи високиот советник на претседателот Трамп, Џаред Кушнер, и советникот за национална безбедност, Роберт О’Брајан. Израелската делегација ја предводи шефот на Советот за национална безбедност, Меир Бен Шабат, и се состои од претставници на секторите за инвестиции, цивилна авијација, надворешни работи, туризам и култура.

„Нашата цел е да поставиме план за работа за понатамошно развивање и зајакнување на односите со ОАЕ во туризмот, иновациите, економските и други области“, изјави Бен Шабат пред летот што ќе трае повеќе од три часа.

Заедничката посета на американско-израелските делегации на Абу Даби ќе трае два дена.

Во средината на август Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа договор со посредство на САД за воспоставување целосни дипломатски врски и размена на амбасади под услов Израел, да ја стави во мирување анексијата на палестинските територии. Палестинската власт го осуди овој потег како чин на предавство.

Откако беше потпишан договорот, претседателот на ОАЕ, Калифа бин Зајед ал Нахјан, во саботата издаде указ за укинување на економскиот бојкот на Израел и поврзаните казни.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

БФМ: Прскалки во шишиња можна причина за пожарот во швајцарското одморалиште

Сопствениците на барот во Кран-Монтана се живи, идентификувано е тело на 17-годишен италијанец

Најмалку пет лица, меѓу кои и три деца, загинаа во пожар во руска Јакутија