Утрински Весник
Македонија

Прв интернационален фестивал на детска креативност – Трамболини

Прв интернационален фестивал на детска креативност – Трамболини

Утре во 19 часот на Школката во Градскиот парк е закажано свеченото отворање на првиот Интернационален фестивал на детската креативност – Трамболини.

Фестивалот, кој е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, е прв фестивал од ваков тип во нашата земја, кој преку едукативни и креативни работилници има цел да ја развие креативноста и љубопитноста кај децата.

На отворањето во Градскиот парк, децата ќе имаат можност да го бараат загубеното богатство, а покрај оваа ќе има и други активности – изработка на фигури од балони, штулари, балерини, катче за боење и изработка на креативни украси, експерименти и пеење песни од ЗОО азбука, а публиката ќе ја забавуваат децата од хорот „Гласот на децата на Скопје“ со своите песни.

Разните активности на фестивалот ќе се случуваат на повеќе локации во градот, дел на отворено, а дел во јавни институции, каде што децата ќе ја развиваат својата креативност во повеќе области – ликовната уметност, музика, филм, литература, природни науки и археологија. Активностите од фестивалот ќе се реалзиираат во ДКЦ Карпош, Музејот на современа уметност, како и во паркот „Ибни Пајко“ и на на плочникот пред Археолошкиот музеј.

Отворањето и сите понатамошни активности организирани во рамките на Интернационалниот фестивал на детската креативност – Трамболини ќе се организираат во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег