Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје почна со реализирање на две виртуелни трки, Виртулен Прв до врв и Virtual Spring Run, како замена за традиционалните трки, што се стопирани заради актуелната пандемија.
Како што соопштија денеска организаторите, Виртуелен Прв до врв е натпревар идентичен на редовниот настан, по истите патеки на Водно и истите дисциплини во трчање, планински и друмски велосипедизам, со единствена разлика што секој учесник индивидуално ја одржува својата спортска активност во соглас-ност со пропишаните мерки за физичка дистанца, а оствареното време влегува во заеднич-кото рангирање со останатите учесници.
Посочуваат дека настанот ќе трае од 1 до 31 мај, по што ќе бидат прогласени победниците кои оствариле најдобри времиња.
-Virtual Spring Run е пролетна лига во трчање која ќе се одржува седум недели (кола) поч-нувајќи од 4 мај, па до 21 јуни. Учесниците ги имаат на располагање дисциплините на 5000 метри, 10000 метри и полумаратон. Остварениот резултат и рангирање носи соодветен број на бодови, чиј збир на крајот од лигата ќе ги победниците, поточно оние кои освоиле најго-лен број бодови. Секоја дисциплина се рангира посебно. И тука, секој учесник ја реалзира својата спортска активност индивидуално и со почитување на пропишаните мерки за избег-нување на групирање, информираат од здружението.
Мерењето на времето, како што наведуваат, е со користење на бесплатната апликација „Strava“, чии податоци автоматски се преземаат од платформата на Прв до врв. Секој учесник може да оствари повеќе активности во секоја од дисциплините, во било кое време во деновите додека траат настаните, а најдобриот резултат ќе биде земен предвид при рангирањето.
Здружението појаснува дека пријавувањето за трките е преку веб страницата www.prvdovrv.mk, а ајдобрите во трките ќе бидат наградени на традиционален начин, со златен, сребрен и бронзен медал.бт/лв/