Утрински Весник
Македонија

Прв Велигден без верници во црквата во Дебар

Прв Велигден без верници во црквата во Дебар

Дебар,19 април 2020 (МИА) – Православните верници во Дебар радосната вест за Христовото воскресение го дочекаа во своите домови,врз основа на препораките на МПЦ-ОА и Владата,поради пандемијата со коронавирусот.

Црвката „Света Петка“ никогаш не била така празна. Велигденската литургија ја одржа Намесникот на дебарската парохија,Миле Ангеловски, а со него беше само свештенослужителот.

По традиција Христовото воскресение дебрани го дочекуваа во многу поголем број,зашто освен постојаните жители, кои се малку по број, присиствуваа и многу дебрани кои живеат во Скопје или други градови во државава, а по традиција тука доаѓаа за големиот празник.

Во текот на ноќта,поради полицискиот час, празни беа и улиците во градот.

Масовното доаѓање изостана и од поранешните жители и нивните потомци во селата на Мала
Река,Осој,Гари,Тресонче,како и селата Долно Мелничани и Битуше.

За овој Велигден ќе изостане и вековната традиција, по која е познат дебарскиот крај, на посета на православните домови од страна на соседи, пријатели,колеги од исламската религија а ќе ја нема и традиционалната посета на дебарскиот муфтија во седиштето на Парохијата. вт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини