Утрински Весник
Свет
Img 7972

Првпат во историјата на САД бројот на белци паднал под 60%

Првпат во историјата на САД бројот на белци паднал под 60%
300x250 opst2

Соединетите американски држави се менуваат од година во година, за што сведочат резултатите од неодамнешниот попис, кој покажува дека популацијата на Америка е поразновидна од кога било.

Уделот на белците во Америка за прв пат паднал под 60 проценти, од почетокот на пописите на населението кои започнале во 1790 година. Според последниот попис, уделот на белците изнесувал 61,6 проценти.

Но, според најновиот попис, уделот на белците паднал од 63,7 проценти во 2010 година на 57,8 проценти во 2020 година. Населението под 18 години сега се претежно припадници на другите раси – 52,7 проценти од нив.

„Епидемијата на опиоиди и наталитетот понизок од очекуваниот по големата рецесија го забрза падот на белата популација. Ако пред 20 години им кажевте на луѓето дека ќе биде така, тие немаше да веруваат. Земјата се менува драматично“, коментира демографот Вилијам Фреј од институтот Брукингс.

Новите податоци, исто така, покажуваат дека бројот на жители во САД пораснал за 7,4 проценти во последните десет години, на 332 милиони, што е побавно од која било деценија, освен онаа во 30 -тите, пишува „Вашингтон пост“.

Најголем раст е забележан кај Латиноамериканците, кои го удвоиле својот удел во последните три децении на 62,1 милиони луѓе, или 18,7 проценти.

Азијците, кои сочинуваа околу 3 проценти од населението во 1990 година, исто така, го удвоиле своето учество и сега се 6,1 проценти, додека уделот на популацијата со црна кожа останал на 12,1 проценти.

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас