Утрински Весник
Спорт

Прво злато за Норвешка – Јохауг ја декласира конкуренцијата во скијатлон

Прво злато за Норвешка – Јохауг ја декласира конкуренцијата во скијатлон

Норвежанката Тересе Јохауг, на Зимските олимписки игри во Пекинг, го оствари најголемиот успех во кариерата.

Јохауг победи на трката во скијатлон (7,5 километри класичен и 7,5 километри слободен стил). Норвежанката славеше со време 44.13,7 минути и го освои првиот индивидуален златен медал на ЗОИ во кариерата.

Јохауг, на трката во Пекинг, која се одржа во тешки временски услови, со силен ветер и температура од -13 степени Целзиусови.

Јохауг за 30 секунди зад себе ги остави Русинката Непреева и Австријката Штадлобер. Во фото-финишот сребрениот медал и припадна на руската репрезентативка.

> Прво злато за Норвешка – Јохауг ја декласира конкуренцијата во скијатлон <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина