Утрински Весник
Економија

Првото рочиште за стечајната постапка за „Еуростандард банка“ на 8 октомври

Првото рочиште за стечајната постапка за „Еуростандард банка“ на 8 октомври

Стечајната постапка над должникот „Еуростандард банка“ АД Скопје му е доверена на стечајниот управник Душко Тодевски од Скопје. Првото рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања е закажано за 8 октомври, информираат од Основниот граѓански суд во Скопје.

„Усвоен е предлогот за отварање на стечајна постапка над должникот „Еуростандард банка“ АД Скопје и за стечаен управник е определен Душко Тодевски од Скопје. По предметот СТ-123/20 е закажано рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на доверители на ден 08.10.2020 година во 13 часот“, се вели во соопштението.

Народната банка на 12 август годинава ја одзеде дозволата на „Еуростандард банка“ поради неисполнување на минимални законски услови за работење. Граѓаните ќе добијат обесштетување од Еуростандард банка по 20 дена во вредност до 30 илјади евра.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Државата објави нова граѓанска обврзница но со намалена камата од претходно

Мицкоски: Се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните, ќе продолжиме со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Продуктоводот за нафтени деривати се очекува да биде ставен во функција оваа година, најави Мицкоски